Димитриевски: Секој кој има комуникација со ДУИ, неприфатливо е да биде дел од Владата

by Fokus

Претседателот на ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски во гостување на телевизијата „Канал 5“ ги коментираше случувањата во владејачката коалиција, односно можното излегување на партијата на Арбен Таравари од власта.

Според Димитриевски, не е прифатливо луѓе кои „имаат комуникација со нереформираната ДУИ“ да бидат дел од владејачкото мнозинство.

„Ставот на ЗНАМ е дека секој, не само Таравари или било која политичка партија која има отворена или затворена комуникација со нереформираната ДУИ и директна или индиректна соработка, за нас како политички субјект е неприфатлив да биде составен дел на владиното мнозинство“, рече Димитриевски.

Тој нагласи дека ЗНАМ со ВМРО-ДПМНЕ гради партнерски однос во власта, а не притисок како во минатото.

„Владината програма се имплементира во континуитет и заедно се бориме против корупцијата, како од надвор и од спротивната страна, така и во сопствените редови“ подвлече Димитриевски.

Поврзани новости