Димитриевски ќе се бори за нов градоначалнички мандат во Куманово

by Fokus

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски преку социјалните мрежи информираше дека ќе се бори за нова кандидатура за градот на локалните избори.

„Во изминатите неполни четири години реализиравме многу заеднички проекти за наше Куманово, финансиски си ја стабилизиравме општината и ја направивме перспективна, поддршката од граѓаните на сите релевантни анкети и непосредни средби беше мотив повеќе во предвиден рок да поднесам кандидатура и програма со континуитет во мојата партија за нов градоначалнички мандат. Верувам дека ќе продолжиме и во иднина заедно со граѓаните да имплементираме нови проекти за едно модерно и европско Куманово“, напиша Димитриевски.

 

Поврзани новости