Димитриевски извиси од Централниот одбор: СДСМ не може да биде акционерско друштво

by Фокус

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, како и претседателката на Советот Атина Мурогашанска, нема да бидат нови членови на Централниот одбор на СДСМ Куманово. На општинска конференција при гласање за нови кандидати поминале минисерот Оливер Спасовски, пратениците Мартин Костовски и Лидија Тасевска, но не и Димитриевски. Во однос на ваквиот епилог реагираше и кумановскиот градоначалник Димитриевски, кој за Локално изјави дека е разочаран во демократскиот капацитет на раководството на СДСМ во Куманово.

-Апсолутно го разбирам незадоволството на делегатите и членовите и заедно со нив ќе ги искористам во рамки на статутот на партијата сите правни капацитети оваа неправда да биде корегирана бидејќи паријата им припаѓа на сите членови и истата претставува здружение на граѓани кои се здружиле да реализираат заеднички цели. Во ниту еден случај партијата не е акционерско друштво кое припаѓа на поединци и или група блиска до нив по различна основа користејќи ги јавните функции да вршат притисок врз обичните членoви во делот на носењето на одлука – вели тој.

Тој објаснува дека на конференцијата понудил решение да се надминат различните ставови со тоа што тој, Спасовски, Костовски, Тасевска како носители на државни функции, кои по функција присуствуваат на седниците на Централниот одбор на партијата, да бидат повлечени и да остават простор за нови членови и кандидати за афирмација на партијата. За жал, истакнува тој, не постоел демократски сенс да биде ислушан.

Поврзани новости