Димитриевски: И мене директор ми рекол дека не ми вработува луѓе, па не сум го разрешил!

by Fokus

Поддршка за некогашниот директор на ДПИ, Стојко Пауновски, даде и кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Тој во Студио 10 на ТВ 24, порача дека се соочил со таква ситуација како градоначалник, па не повлекол таков потег за разрешување.

„Пауновски постапи професионално и етички. Се обиде да изгради една многу важна институција во Македонија. Го разбирам Пауновски. Мене директор на комунално ми рекол дека не ми вработува луѓе, па не сум го разрешил“, рече Димитриевски.

Поврзани новости