Димитриевски: Груевски го сруши достоинството на македонските војници

by fokus

Максим Димитриевски, член на Извршен одбор и претседател на Комисија за одбрана на СДСМ, денеска на прес конференција истакна дека со новиот ребаланс на Буџетот, власта на ВМРО-ДПМНЕ повторно крати пари предвидени за одбраната.

-Каде се помпезно најавените инвестиции во модернизација на одбраната од 300 милјони евра? Ги нема. Затоа Јолевски и Димитриев молчат. Ги нема ниту ветените 5% покачување на платите за војниците. Професионалниот војник во Македонија денеска има основна плата од само 16.345 денари, далеку под државниот просек од 22.000 денари. Криминалната власт се уште ги нема исплатено ниту дневниците на професионалците во АРМ за месец април. Со една реченица, власта на Груевски ја колабираше одбраната на РМ и го сруши достоинството на професионалните војници и старешини, изјави Димитриевски.

Тој додаде дека пропаднал и проектот „АРМ, мојот вистински дом“ со кој војниците требаше да добијат станови. Рече дека кога СДСМ ќе дојде на власт ќе никогаш повеќе нема да се случи парите да се трошат на камена и бронзена фаланга, а живите војници едвај да преживуваат.

Поврзани новости