Димитриевски: ДУИ владее со државата

by Fokus

Државата не се менаџира, туку е пуштена во слободен пад. Секој гледа начин како да приграби повеќе и да си го докапитализира личниот капитал и потоа да замине, изјави градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во интервју за „Макфакс“.

„ДУИ владее со оваа држава повеќе од 20 години, влегоа со пушка, во Собранието добија поддршка, од законодавната, ја презедоа и извршната власт, па сега на ред се правосудството и Обвинителството“, потенцира тој.

Оценува дека ситуацијата оди во насока на измачување на граѓаните и што побргу треба да се стави крај на тоа.

„Желбата е да се дојде до тотална депресија за да се контролираат гласачите, кои ќе обезбедуваат континуирана власт“, рече Димитриевски.

За хаосот во институциите на системот, особено во Фондот за здравство, Димитриевски прашува кој го менаџира упатувајќи притоа директно прашање до надлежните: „Каде се сите што до вчера го менаџираа Фондот за здравство, каде е Ден Дончев, како одеднаш испари со сите афери?“

Поврзани новости