Димитриевски доби пофалби од Чави откако повторно ја сочува мрежата против Барселона

by Фокус

Рајо Ваљекано одново остана непоразен против Барселона, а македонскиот голман Столе Димитриевски и трет натпревар по ред против Каталонците остана несовладан. После натпреварот, пофалби за македонскиот голман стигна и од стратегот на Барселона, Чави Ернандез.

-Одиграа одличен натпревар, тактички ни ги затворија линиите и приодите кон голот. Имавме проблеми да креираме шанси. Нивниот голман исто така беше одличен и неколку пати одлично интервенираше – изјави Чави после натпреварот.

Очекувањата од Барселона после добро одработениот преоден рок беа големи, но Чави после ова реми побара трпение.

-Ова не беше нашиот најдобар настап и тоа е штета, сакавме да им покажеме на луѓето дека добро ни оди и да веруваат. Разочарување, но ова е само почеток – изјави шпанскиот стратег.

Поврзани новости