Димитриев: 1,5 милиони евра за авансна отштета на поплавените

by fokus 17:50
17:50

Владата на вчерашната седница донесе одлука за авансно обесштетување на граѓаните погодени од поплавите во Скопско, информира денеска премиерот Емил Димитриев, при денешната посета на поплавените куќи во општина Илинден.

За таа цел ќе бидат издвоени 1,5 милиони евра.

Димитриев рече дека тимовите за утврдување на штетите веќе работат на терен, а откако ќе се процени вкупната сума, граѓаните ќе го добијат и остатокот од отштетата.

Поврзани новости