Диме Ратајковски поднесе оставка од МРТ

by fokus

Главниот и одговорен уредник на првиот програмски сервис на Македонската телевизија, Диме Ратајковски, поднел оставка од својата функција, потврдуваат од МРТ.

Ратајковски оставката ја поднел уште пред половина месец до советот на МРТ, а навел дека одлуката ја донел од лични причини.

Во времето на Ратајковски, како одговорен за првиот канал на јавниот радиодифузер, МРТ често беше предмет на критики за непрофесионално известување во информативната програма. Пред МРТ беа организирани и серија на протести на кои граѓаните го изразуваа своето незадоволство од уредувачката политика.

Следниот главен и одговорен уредник на МРТ 1 ќе го избере Советот на Македонската радио телевизија. Составот на советот, пак, најверојатно ќе подлежи на промени согласно законските измени кои ги предлага Владата, а кои ќе ја опфатат и МРТ.

Поврзани новости