ДИМЕ, НЕ СИ ВЕЌЕ СРЦКА

by fokus 15:44
15:44

Младата поп пејачка Девана Ѓорѓиевска пред три години се најде во центарот на вниманието, кога јавно преку медиумите му порача на Диме Спасов, тогаш актуелен министер за труд и социјална политика, и сеуште ерген, дека многу сака скромни и слатки момчиња како него. Покрај тоа што му порача дека „баш е срцка“ таа дури и му вети дека ќе му посвети песна. Набргу по јавното искажување на симпатии, Ѓорѓиевска  ни раскажа дека дури и успеала да се запознае со Диме, кој што и спомнал дека ја чека ветената песна.

„Не кријам дека ми се допаѓаат скромни и слатки момчиња како министерот Спасов со кого што успеав да се запознаам. Тој ми кажа дека ја чека песната за него, а јас му ветив дека со мојот продуцентски тим ќе побрзам и за најкраток можен рок ќе ја снимам“ – ни изјави тогаш пејачката.

- Advertisements -

thumbnail_devana2Откако пред два дена Диме, сега дополнителен заменик министер за труд и социјала, направи вистинско филмско сценарио со сообраќајниот прекршок и настаните кои што следуваа потоа, помеѓу кои и оставањето на сопатничката и безглавото бегство, ја запрашавме Девана дали сеуште го мисли истото за својата стара симпатија, и дали сеуште Диме е срцка за неа. Пејачката одби да ни одговори, но притоа ни кажа дека би зборела на било која тема, освен за политика и за нешта врзани со политиката. Таа е позната по песните „Единствена“, „Тоа не сум јас“, „Во среќа и тага“ и други. Иако пеела уште од мали нозе, јавноста ја забележа во М2, потрагата по ѕвезди.

Сепак, според коментарите на социјалните мрежи кои што веќе два дена не стивнуваат, ретки се оние каде што Диме добива пофалби од девојки и единствено што може да се заклучи е дека него и покрај младешкиот и невин изглед, не го сметаат повеќе за „срцка“.

Вики Клинчарова

Поврзани новости