Популарната турбо фолк пејачка Јелена Карлеуша (44) пред неколку дена имала гостување во Загреб, Хрватска. Српската музичка ѕвезда настапила во ноќниот клуб Минт, а видео снимено од посетители на клубот беше објавено во хрватскиот медиум 24 Сата.
Атмосферата на концертот била доста весела, а Карлеуша отпеала и неколку песни до Северина. Но, она кое предизвика низа од коментари и покрена дебати на социјалните мрежи во Хрватска е начинот на кој пејачката била облечена, односно, според објавеното видео, речиси целосно соблечена, како и нејзиното однесување на сцената.
Дали ова е концерт или стриптиз, и дали овие луѓе плаќаат влезници за да ја слушаат или да го гледаат задникот на Карлеуша? Музички настап или вулгарно играње на сцена? – прашува хрватската јавност.
Објавеното видео предизвика дискусии околу тоа што и се пласира на јавноста, најавено како концерт, а што всушност има можност да види публиката. Во изминативе две децении, откако е присутна на музичката сцена, Карлеуша редовно е на мета на јавни критики, најчесто поради својот провокативен стил на облекување и однесување.
За време на своите концерти, позната е по тоа што повикува момчиња од публика, и со нив изведува провокативни танцови точки, неретко споредувани со стриптиз. Видеа од такви настани често се објавуваат на социјалните мрежи, а ги имаше и од нејзини настапи во Охрид. За квалитетот на нејзините песни, исто така често се полемизира, а пред неколку месеци во Кавадарци јавноста не дозволи таа да гостува за време на општинската манифестација Тиквешки гроздобер, под образложение дека не сака кич и голотија.
И во Лесковац се потпишуваше петиција против нејзино гостување на манифестацијата Роштиљада, но сепак и покрај собраните потписи, таа пееше на настанот, а градоначалникот Горан Цветановиќ – Фараон изјави дека ја платиле 20.000 евра, но им донела голем број на посетители во градот.
Вики Клинчарова