Дика не знае каде завршиле парите кои бизнисмените ги уплаќале во Меѓународниот сојуз

by fokus 12:51
12:51

По повеќе од два часа распит за случајот „Рекет“, Агапи Дика, пред малку излезе од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Таа за да ги заобиколи новинарските екипи излезе на третиот излез од зградата, но дел од новинарите и поставија неколку прашања. Дика не одговори директно на прашањата, посочувајќи -истрагата ќе покаже. На прашањето дали знае кај завршиле парите од бизнисмените уплатени во Меѓународниот сојуз, таа рече дека не знае.

- Advertisements -

Дика е претседател на Собранието на Меѓународниот сојуз на Боки 13.

Во моментот во обвинителството треба да пристигне и бизнисменот Зоран Азманов, кој исто така е повикан да даде исказ за „Рекет“.

Во истрагата  засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и Катица Јанева.

В.В.

Поврзани новости