ДИК започнува со вкрстување на податоците

by Фокус 12:02
12:02

Државната изборна комисија ќе го тестира системот за вкрстување на податоци, а од утре ќе ја почне постапката за прочистување на избирачкиот список. Дали и колку ќе успее е неизвесно. Вкрстувањето на податоци ќе значи обид да се откријат спорните гласачи, а со тоа и да се намали нивниот број.

Иако роковите се кратки, сепак ДИК настојува да ги испочитува со цел да се пречисти избирачкиот список. ДИК има податоци од десет институции, а резултатите се очекуваат за неколку дена. Вкрстувањето ќе го вршат три ИТ компании, од кои едната е американската. Сега во списокот има милион и 800 илајди гласачи што најверојатно е далеку поголем од реалниот број гласачи.

- Advertising -

На крајот, неизвесно е дали ДИК ќе успее да стигне да организира избори на 24 април.

 

Поврзани новости