ДИК: За пратеници гласале 30, за претседател 27 отсто од избирачите

by Фокус 13:17
13:17

До 13 часот, излезноста за претседателските избори изнесува 26,96, а за парламентарните избори 30, 74 отсто, објави Државната изборна комисија.

Според ДИК, најголема излезност во вториот круг од изборот за шеф на државата има во општината Новаци со околу 53 отсто, потоа следи Кратово со 38 отсто, како и во Битола со 36 отсто.

Како што соопштија од Комисијата, на гласањето за избор на идниот парламентарен состав највисок одзив има во третата изборна единица со околу 37 отсто, додека најнизок во шестата ИЕ со 22 отсто.

- Advertising -

Потпретседателот на ДИК Субхи Јакупи ги повика сите граѓани што досега не го искористиле своето уставно загарантирано право на глас, тоа да го сторат во останатиот тек од денот.

Поврзани новости