ДИК во последен момент набави паравани за гласање во вредност од 20.000 евра

by fokus

Неколку недели пред одржување на првиот круг од локалните избори Државната изборна комисија се сетила да набави паравани за гласање каде што граѓаните ќе можат да го остварат своето право на глас. Набавката е во износ од 19.406 евра и е направена во постапка со преговарање без објавување на оглас.

Договорот е склучен на 20-ти септември со фирмата „Полиестердеј ДООЕЛ“.  Од ДИК морале да преговараат во четири очи поради крајната итност која ја наложила потребата од параваните.

„Кога од причини од крајна итност предизвикани од настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди и да му се припишат како пропуст, не може да се примени рокот за објавување на отворена постапка, ограничена постапка, постапка со барање за прибирање на понуди или постапка со преговарање со претходно објавување на оглас“, ги објавнуваат од таму причините за итноста на набавката.

Поврзани новости