ДИК: ВМРО-ДПМНЕ се уште води со пет отсто

by fokus 23:15
23:15

Државната изборна комисија објави нови резултати од 303.365 пребројани гласови. Првичните неофицијални резултати покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоиле 125.300 гласачи или 41,30 отсто. Коалицијата на СДСМ досега освоила 110.509 или 36,43 отсто.

Коалицијата ВМРО за Македонија освои 5.803 гласа или 1,91%. Коалицијата за промени и правда – 2.289 или 0,75%, а Левица – 2.193 или 0,84%.

- Advertisements -

Кај албанскиот политички блок Беса освоила 11.653 гласови или 4,18 отсто. Води ДУИ со досега освоени 20.346 гласа или 6,71 отсто.

Поврзани новости