ДИК: СДСМ води во 49, ВМРО-ДПМНЕ во 10, а ДУИ во 12 општини

by Fokus

Според првичните резултати што вечерва на прес-конференција ги соопшти Државната изборна комисија, кандидатите за градоначалници на СДСМ водат во 49 општини, на ВМРО-ДПМНЕ во 10 општини, на ДУИ во 12, а кандидатите на девет други партии, коалиции и од група избирачи водат во останатите општини.

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски истакна дека изборите поминале во фер и демократска атмосфера и оти генерално имало успешен изборен ден.

–  Во текот на денот избирачките одбори во општинските изборни комисии се соочуваа со понекој технички проблем, но ДИК преку соодветни упатства ги надмина и сметам дека генерално имавме успешен изборен ден – рече Чичаковски.

Поврзани новости