ДИК преброи 65% од гласовите за Скопје, Арсовска води со над 2.000 гласа пред Шилегов

by fokus

Државната изборна комисија (ДИК) се уште ги пребројува гласовите од вчерашните локални избори. За Град Скопје досега се преброени 65% од гласовите, а според нив Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, е во благо водство пред Петре Шилегов, кандидатот на СДСМ.

Поточно, Арсовска засега има 54.928 гласови, а Шилегов 52.730 гласови, или 2.198 разлика. Зад него е кандидатот на Левица, Перо Георгиевски-Камиказа, со 12.349 гласови.

Поврзани новости