Со задоцнување од половина час започна седницата на Државната изборна комисија на која се разгледуваат и се одлучува за приговорите поднесени од БЕСА и СДСМ.
Членовите на комисијата одлучија приговорите од политичките партии да се разгледуваат според времето кога се поднесени, што значи прво ќе се разгледуваат оние од Беса, па од СДСМ.
Седницата на ДИК е отворена за јавноста и во живо се пренесува на неколку медиуми.