ДИК: Печатите ќе бидат заменети со нови

by fokus

Печатите за кои пописната комисија на Државната изборна комисија (ДИК) утврди дека недостигаат од избирачки места од Сопиште, Брвеница, Бутел, Брвеница и Липково ќе бидат заменети со нови и различни од претходните.

Според ДИК недостигот од 40 печати е утврден откако бил направен попис на изборниот материјал.

– Тоа не значи дека тие 40 печати се украдени, можеби воопшто не се вратени по претходните избори. Но, во случај кога фалат или има оштетени печати на општинските изборни комисии или на изборните единици, тие се прогласуваат за неважечки и се изработуваат нови печати кои секогаш се различни од претходните. На нив се додава некоја нова ознака, токму за да се избегне злоупотреба на старите, изјавиле од ДИК за МКД.мк.

Во меѓувреме, комисијата најави дека утре ќе биде ставен на увид и прочистениот избирачки список. Увидот ќе трае до 11 ноември, а списокот ќе се заклучи на 21  ноември. Изборите се закажани за 11 декември.

Поврзани новости