ДИК: Одѕивот на изборите во Штип до 18:30 часот е 34,3 отсто, во Пласница 39,54

by fokus

На предвремените избори за градоначалник на Општина Штип до 18:30 часот гласале 14 328 избирачи, односно 34.30 проценти, а во Општина Пласница, гласале 1 959, или 39,54 проценти од избирачите со право на глас, соопшти вечерва Државната изборна комисија.

Право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаа вкупно 41 177 гласачи, додека во Пласница 4 954.

Избирачите со право на глас на вонредните избори за градоначалник на Општина Штип можат да гласаат на 77 избирачки места за еден од петмината кандидати за градоначалник, кој ќе има мандат од девет месеци се до редовните Локални избори во 2021 година. На овие избори за градоначалник во општина Пласница избирачите од четири села може да гласаат на девет избирачки места.

Поврзани новости