ДИК (обработени 30 проценти од гласовите): СДСМ води во 41 општини, а ВМРО-ДПМНЕ во 14

by fokus 23:13
23:13

Според првичните резултати, од обработени речиси 30 проценти од гласовите, што ги објави Државната изборна комисија на својата веб страница, кандидатите за градоначалници на СДСМ водат во 41 општини, на ВМРО-ДПМНЕ во 14 општини, а на ДУИ во седум.

Од обработените 29,97 проценти од гласовите или 1.043 од вкупно 3.480 избирачки места, СДСМ води во Битола со Наташа Петровска која има освоено 60,37 отсто во однос на Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ со 35,08 отсто, во Богданци води Блаже Шапов од СДСМ со 65,83 отсто во однос на Никола Роглев – 32,66, а во Гевгелија, Сашо Поцков од СДСМ со 56,67 отсто е пред Иван Франгов од ВМРО-ДПМНЕ со 39,76 проценти. И во Куманово води Максим Димитриевски од СДСМ со 56,72 во споредба со Зоран Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ со 34,54, а во Берово кандидатот на СДСМ Звонко Пекевски води со 65,55 во споредба со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Атанасов кој има 31,10 отсто.

- Advertisements -

Во Велес засега во благо водство е кандидатот на СДСМ Аце Коцевски со 51,36 во однос на Славчо Чадиев од ВМРО-ДПМНЕ со 43,52, а израмнето е во Ѓорче Петров меѓу Александар Наумовски од СДСМ и Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Гази Баба во благо водство е Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ со 49,03 во однос на Борис Ѓорѓиевски од СДСМ – 44,75, а во Штип води Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ со 56,55 проценти во однос на Благој Бочварски од СДСМ – 39.

Во Тетово, Теута Арифи води со 29,25 во споредба со Биљаљ Касами од БЕСА со 23,54.

Во Боговиње води Берзах Бејтулаху од ДУИ со 39,93 пред Минур Асани од БЕСА со 29,99, во Босилово кандидатот на СДСМ Зоран Зимбаков е во благо водство со 48,89 пред Љупчо Колев од ВМРО-ДПМНЕ со 47,59. Во Брвеница група избирачи водат со 38,03 пред Мирко Стефановски од СДСМ со 24,03, во Валандово води Перо Костадинов од СДСМ со 54, 36 пред Николче Чурлиновски од ВМРО-ДПМНЕ со 35,50.

Во Василево води Марјан Јанев од СДСМ со 51,85 пред Ванчо Стојанов – 45,76, во Виница води Мартин Павлов од ВМРО-ДПМНЕ со 52,07 пред Ивица Димитров од СДСМ 42,75, во Врапиште, Гајур Рушити од ДУИ со 38,76 е пред Исен Шабани од Алијанса на Албанците со 34,23.

Кандидатот на СДСМ за Градско, Роберт Пешовски со 51, 26 води пред Жанета Чаушевска од ВМРО-ДПМНЕ со 32,83, во Дебарца води Зоран Ногачески од СДСМ со 69,43 пред Игор Трајкоски со 27,39 отсто од гласовите и во Делчево, Горан Трајковски од СДСМ со 57,80 е пред Иван Соколов од ВМРО-ДПМНЕ со 37. СДСМ со кандидатот за Демир Хисар, Мирче Стојановски води со 57,86 пред Љупчо Блажевски – 38,26, во Дојран води Анго Ангов од СДСМ со 60,20 пред Борче Стамов – 33, 81.

Во Долнени води Пецо Вајгалески од ВМРО-ДПМНЕ со 58,29 пред Билал Каришик од СДСМ со 31,31, во Желино – Блерим Сејиди од БЕСА – 47,69 пред Фатмир Изаири од ДУИ – 41,12, во Зелениково – Борче Гиевски од СДСМ со 66,85 е пред Александар Маневски од ВМРО-ДПМНЕ со 26,85, во Јегуновце води Дарко Блажевски од СДСМ со 58,26 пред Тони Коцевски – 33, 91, во Кавадарци – Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ води со 51,87 пред Бетијанев Китев од СДСМ со 45,07, во Карбинци води Јордан Насев од СДСМ со 59,42 пред Зоран Минов од ВМРО-ДПМНЕ – 30,43.

Во Кичево – Влатко Сајковски од ВМРО-ДПМНЕ води со 48,72 пред Фатмир Дехари од ДУИ- 44, 09, во Кратово – Љупчо Бојаџиев од СДСМ има 55,06, а Мите Андоновски – 39,24, во Крива Паланка – Борјанчо Мицевски од СДСМ со 57, 23-води пред Арсенчо Алесковски – 39,73.

За другите општини засега нема објавени податоци.

Поврзани новости