ДИК на денешната седница ќе бира фирма за кутии за транспорт на изборен материјал

by fokus

На седницата ќе биде разгледано барање за неприфаќање извршување должност претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинската изборна комисија, ќе се врши случаен избор на претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии, чии барања за изземање беа прифатени од ДИК, ќе се разгледа и усвојува предлог решение за ставање вон употреба на седум печати користени од избирачки одобори и предлог одлука за утврдување на обликот на печатите со број на избирачко место кои ги користат избирачките одбори при сптоведување на гласањето, а кои се ставени вон употреба.

ДИК треба да разгледа и усвои одлука за ангажирање лице во помошните тела на ДИК за спроведување на Локалните избори 2017 година, одлука за избор на најповолна понуда за јавна набавка на друга опрема за спроведување на изборните активности, одлука за избор на најповолна понуда на кутии за транспорт на доверлив изборен материјал, како и разгледување и усвојување предлог одлука за доделување средства за тековни трошоци на општински изборни комисии за општините кои имаат блокирани жиро сметки.

Поврзани новости