ДИК ќе одлучува за барањата за набљудување на референдумот

by fokus

Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која, меѓу другото, треба да ги разгледа и одобри барањата за добивање на овластувања за набљудување на претстојниот рефрендум поднесени од Комитет за отворена демократија (Committee for open democracy), Фондација за спасување на Земјата (The Earth Saviours Foundation) и Набљудувачка мисија за Референдумот на ОБСЕ/ОДИХР (OSCE/ODIHR Referendum Observation Mission).

Членовите на Комисијата ќе ги утврдат и објават описите на избирачките места, а ќе ја разгледаат и Конечната информацијата за текот на пријавувањето на граѓаните за гласање во ДКП на РМ во странство.

На дневен ред на сединцата е и Предлог Заклучокот за усвојување на извештајот во врска со поднесените пријави со кои граѓаните се пријавуваа за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларни канцеларии на Република Македонија во странство, Предлог Заклучокот за примена на Правилникот, бр. 07-210/4 од 19.02.2014 година, за начинот на постапување на полицијата за време на сдпроведување на изборите, за Референдумот 2018, како и барањата за неприфаќање на извршување на должност претседател, заменик претседател, член и заменик член на општинските изборни комисии.

Поврзани новости