ДИК ја „поправи“ дупката од 20.000 гласачи во Аеродром

by lali 11:25
11:25

Откако на социјалните мрежи и во медиумите се рашири веста дека на веб-страницата на Државната изборна комисија има дупка од 20.000 гласачи во Аеродром на предвремените парламентарни избори, ДИК ја „поправи“ дупката со тоа што го намали процентот на излезени гласачи на изборите.

Според ДИК, сега излезноста не е веќе 63.818 гласачи, туку 43.818.

- Advertising -

Еве каков беше објавениот податок на веб-страницата на ДИК пред само половина час.

Со овие сменети податоци, сега треба да се смени и вкупниот процент на излезени гласачи на предвремените парламентарни избори.

„Како јавност, народ и држава заслужуваме објаснение од ДИК дали се работи за грешка или намерни измени, и ако била грешка што довело до грешката“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи во врска со случајот.

Поврзани новости