ДИК го смени Упатството и ќе признава за важечки и ливчиња без печат

by fokus

ДИК на денешната седница го смени Упатството за важечки и неважечки ливчиња и сега во вториот круг за важечки ќе се сметаат и ливчињата на кои нема да има печат од Изборниот одбор. Ова е спротивно на одредбите на Изборниот законик.

Со денешните измени, важечкото гласачко ливче ќе се брои и без печат ако ги исполнува сите останати услови според Изборниот законик, односно ако се заокружи редниот број пред носителот на листата или пред кандидатот и каде може да се потврди изборот на избирачот. За неважечко ливче ќе се смета кога неправилно заокружено или се заокружени повеќе опции.

Членот на ДИК, Кренар Лога не се согласува со ваквата одлука и истата ја нарекува незаконска. За ова писмено ги известил и останатите членови, пренесе Алсат.

-Како член на ДИК не се согласувам и изразувам големи сомнежи за изборни нерегуларности бидејќи упатството се менува по првиот изборен круг. Упатството не е во согласност со Изборниот законик, затоа барам оваа одлука веднаш да се повлече, во спротивно ќе се обратам до Управниот суд“.

Поврзани новости