ДИК го поништи ветотo на Наумов, ќе има ново задолжување

by Фокус 19:33
19:33

Државната изборна комисија денеска по неколку часа расправа донесе одлука дека новото задолжување, на кое заменик-министерот Наумов стави вето, нема да влијае на изборниот процес и го поништити ветото.

Ова значи дека Владата утре ќе ја задолжи Македонија за нови 100 милиони евра, овојпат кај домашните кредитори. Задолжувањето ќе се реализира со аукција на државни хартии од вредност.

- Advertisements -

Од СДСМ, ветото на заменик-министерот Наумов го класифицираа како спречување на банкрот на државата поради преголемото задолжување. За новото задолжување рекоа дека е со цел да се обезбедат пари за купување гласови на изборите во април.

-Сите што си ја заработиле платата мора да ја добијат и не зависат од волјата на Груевски. СДСМ нема да дозволи банкрот и чоколади за корупција и изборна измама, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Премиерот Никола Груевски пак, на денешната собраниска седница за пратенички прашање рече дека граѓаните гледале дека се создава и се гради, кредитите се земале за нив и домаќински се работело.

 

Поврзани новости