ДИК: Гласале 70 отсто од затворениците

by fokus

На сите гласачки места низ Република Македонија гласањето е во тек и се одвива непречено, велат од Државната изборна комисија. Од таму информираат дека на неколку избирачки места стартот на гласањето е одложен поради отстранување на пропаганден материјал, но и таму е започнато гласањето.

До сега, велат, нема проблеми на гласачките места. Евидентирани се утринава технички проблеми со ув ламбите на некои места, но заменети се со нови.

Вчера гласаа затворениците, притворените, внатрешно раселените и болните и изнемоштени лица. Сите 5.025 лица кои се во домовите го оствариле своето право на глас така што биле посетени од избирачките одбори.

Од ДИК додаваат дека во казнено поправните установи излезноста била околу 70 отсто.

Од канцеларијата на народниот правобранител вчера, пак, информираа дека половина од затворениците не можеле да го остварат своето право на глас затоа што ги немало во избирачкиот список.

Поврзани новости