ДИК: Гласаа 12-те граѓани од Штип кои се во изолација поради Ковид-19

by fokus

Државната изборна комисија (ДИК) информираше дека денеска на предвремените избори за градоначалник на општините Штип и Пласница, своето право на глас го остварија лицата позитивни на Ковид-19 и лицата во самоизолација.

На изборите за гласање беа пријавени само 12 лица од Штип.

Од 12 пријавени за гласање во општина Штип, до 14 часот сите го остварија своето право на глас, соопштија од ДИК.

Поврзани новости