ДИК ги отфрли претставките на Чавков поднесени против Спасовски

by Фокус 16:02
16:02

Државната изборна комисија (ДИК) ги отфрли како неповрзани со изборите претставките на заменик министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, за трите одлуки за именување началници донесени од страна на министерот Оливер Спасовски.

Одлуките се однесуваат на именувањето на Примислав Димовски за нов шеф на единицата „алфи“, именувањето на Бранко Ракиќ за началник на единицата за патен сообраќај и именувањето на Тони Ангеловски за началник на Одделението за слободен пристап до информации од јавен карактер.

- Advertisements -

 

Поврзани новости