ДИК едногласно одлучи да се прегласува во Теарце

by fokus

Државната изборна комисија денеска одржа седница на која едногласно донесе одлука за прегласување во избирачкото место во Теарце.

ИТ-секторот на ДИК направи стимулација според која прегласувањето може да влијае на резултатот од изборите, односно на бројот на освоени мандати на политичките партии во шестата изборна единица.

Прегласувањето во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ ќе се врши в недела, на 25 декември.

Поврзани новости