ДИК до полноќ треба да им даде зелено светло на кандидатските листи за пратеници

by fokus 10:48
10:48

Државната изборна комисија денеска до полноќ треба да ги разгледа и потврди кандидатските листи за пратеници за претстојните парламентарни избори закажани за 11 декември.

Доколку се констатираат неправилности, учесниците во изборите треба да ги отстранат во рок од 48 часа. Ждребувањето за редоследот на листите треба да се одржи на 20 ноември.

- Advertisements -

До петокот до полноќ до ДИК доставија кандидатски листи коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската коалиција предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија и Коалицијата „Алијанса за Албанците“ која ја сочинуваат Движењето за реформи – ДПА, УНИТЕТИ и НДР, како и партииите ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица, СДПМ и Беса и НДМ.

 

Поврзани новости