ДИК: До 17 часот на гласање излегле 41,23% од гласачите

by Фокус 17:20
17:20

Според ДИК, на повеќето избирачки места излегле над 50% од гласачите, а најмала излезност има на гласачките места каде што мнозинството од гласачите се од албанска националност.

Па така, најголем број граѓани гласале во Гевгелија, или над 60%, Прилеп 58,82%, Кавадарци 57,41%, над 50% излезност имало во Карпош, Кисела Вода и Кочани, еден процент помалку излегле во Битола, Аеродром.  Во Центар гласале 53%, а еден процент помалку во Струмицаи и Велес. Најмал број гласачи излегле во Боговиње и Липковско и тоа 8% излезност, во Сарај 9%, во Пласница над 10%, во Чаир над 13%, во Гостивар над 18%, а во Тетово над 20%.

- Advertising -

Поврзани новости