ДИК до 15 часот: Најмногу гласаат во Аеродром, Битола, Прилеп, а најмалку во Врапчиште и Боговиње

by Fokus

Врз основа на податоците од гласањето во 89,24 проценти од гласачките места, според Државната изборна комисија до 15 часот на гласање излегле 464.087 гласачи или 28,76 отсто.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски ја соопшти излезноста во дел од општините: Аерoдром 35,45%,  Арачиново 14,75, Берово 34,75, Битола 32,82, Боговиње 12,12%, Бутел 29,24, Валандово 32,5, Велес 32,11, Врапчиште 12,28%, Гевгелија 39,26, Ѓорче Петров 33 проценти, Делчево 37,69, Доленин 16,75, Илинден 29,18, Кисела Вода 34,99, Карпош 37,69, Кавадарци 39,01, Македонски Брод 42,22, Охрид 36,77, Ново Село 31,75, Прилеп 43,85, Радовиш 22,89…

Дерковски рече дека резултатите што пристигнуваат од останатите општини нема многу да го променат процентот на излезеност.

Тој оцени дека врз база на податоците нема посериозни нарушувања на изборниот процес. Во ДИК се пристигнати 8 приговори за нарушување на гласачкото право, за што ДИК ќе расправа на седница по прес конференцијата.

 

Поврзани новости