ДИК: Денешното гласање се одвиваше без проблеми

by fokus

На ден пред локалните избори, Државната изборната комисија ги отвори 13-те гласачки места во Казнено поправните установи, каде право на глас има околу 1.882 осуденици.  Гласачкото право денеска го искористија и болните и изнемоштени лице, кои според  ДИК се над пет илјади, како и девет внатрешно раселени лица.

Тие гласаа од 7 наутро до 19 часот, и како што соопштија од Државната изборна комисија, гласањето се одвивало без проблеми.

В недела, над 1.8 милион граѓани имаат право да гласаат . На овие избори граѓаните ќе имаат можност да гласаат за 260-те кандидати за градоначалници како и за општински советници. Според ДИК, се е подготвено за утрешниот прв круг на гласање. 80 општини и градот Скопје утре бираат нова локална власт за наредните 4 години.

Поврзани новости