ДИК без претседателот и членовите од СДСМ: Исполнети се условите за избори на петти јуни

by Фокус

Државната изборна комисија на вечерашната седница со шест гласа „за“ и без присуство на нејзиниот претседател и на членовите на опозицијата, донесе одлука дека се исполнети сите услови за одржување на изборите на 5 јуни.

Претседателот на ДИК Александар Чичаковски и членовите од СДСМ Виолета Дума и Игор Милев ја напуштија седницата пред да почне гласањето, а останатите членови едногласно изгласаа дека постојат услови за организирање на кредибилни избори на 5 јуни.

Поврзани новости