Џонсон започна реконструкција на Владата

by fokus

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска започна со реконструкција на својот кабинет за формирање тим, како што најави, за да се исполни неговата визија за Велика Британија по Брегзит.

Првиот член на кабинетот што го отпушти е министерот за Северна Ирска, Џулијан Смит, што, како што пренесуваат британските медиуми, е изненадувачки потег со оглед на пофалбите што ги доби за неговата улога во решавањето на тригодишната криза за време на која покраината беше без влада и парламент.

Покрај реконструкција на кабинетот, Џонсон треба да го именува и претседателот на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации, што ќе се одржи во ноември во Глазгов.

Планирањето на настаните почна по минатонеделното отпуштање на министерката Клер О Нил, која беше задолжена за организација.

Како што пренесуваат светските агенции, конзервативната администрација на Џонсон сега се соочува со уште еден голем предизвик, бидејќи до крајот на годината треба да постигне трговски договор со ЕУ.

Поврзани новости