Џонсон против референдум за независност на Шкотска

by fokus

Нов референдум за независност на Шкотска треба да се спроведува еднаш во генерација, изјави британскиот премиер Борис Џонсон, откако шкотската лидерка ги обнови повиците за ново гласање по Брегзит.

„Референдумите според моето искуство, моето директно искуство, во оваа земја не се особено среќни настани. Тие немаат посебна обединувачка сила за националното чувство, треба да се одржуваат само еднаш во генерација“, истакна британскиот премиер за Би-би-си.

Шкотска гласаше да остане дел од Обединетото Кралство во 2014 година.

Неодамнешните анкети на јавното мислење покажаа постојана поддршка за независноста.

Поврзани новости