Џонсон претстави „претпазлив“ план за ублажување на мерките

by fokus

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска претстави план со кој ќе се стави крај на карантинот во Англија, нудејќи „претпазлив“ пристап за да не се вратат сите рестриктивни мерки што ја потресоа економијата.

Меѓу мерките што ќе бидат предложени е и отворање на училиштата почнувајќи од 8 март и тоа во четири фази, но така што тие нема да почнат со работа пред 21 јуни.

– Заканата сè уште е присутна, но можеме да преземеме чекори поради успехот на нашето здравство кое вакцинираше повеќе од 17,5 милиони луѓе низ Велика Британија, рече Џонсон.

Што се однесува до Шкотска, Велс и Северна Ирска, кои се дел од Велика Британија, останува на локалните власти да утврдат како и кога да ги ублажат ограничувачките мерки.

Британците кои можат да работат од дома ќе останат во своите домови додека владата не ги утврди правилата за физичко растојание и употреба на маски на работа, додаде Џонсон.

Поврзани новости