Џонсон планира да се вакцинираат сите возрасни Британци до крајот на јули

by Fokus

До крајот на јули, на сите постари луѓе во Велика Британија ќе им биде понудена вакцина за коронавирусот. Тоа го вети британскиот премиер Борис Џонсон, јави ДПА.

Тој посочи дека целта е да се заштити најранливиот дел од населението и да се преземат понатамошни чекори за ублажување на некои од сегашните ограничувања.

Досега, повеќе од 17 милиони луѓе на островот ја примиле првата доза на вакцина – скоро секој трет возрасен. Според планот на владата, постарите лица над 50 години и оние со лошо здравје ќе бидат вакцинирани до 15 април.

Поврзани новости