Џонсон: Нема да има нов референдум за независност на Шкотска

by fokus 09:57
09:57

Британскиот премиер Борис Џонсон и порача на шкотската лидерка Никола Старџен дека нема да има нов рефердендум за независност на Шкотска.

Тој истакна дека мора да се почитува резултатот од претходното изјаснување на граѓаните во 2014 година.

Британскиот премиер јасно стави до знаење дека и натаму е против втор референдум за независност, поддржувајќи го мнозинството луѓе во Шкотска кои не сакаат да се вратат на поделбите и независноста, се наведува во соопштението од неговиот кабинет, пренесоа британските медиуми.

- Advertising -

Тој, исто така, додаде дека резултатот од референдумот од 2014 година бил одлучувачки и дека треба да се почитува.

Лидерката на Шкотската национална партија (СНП) Никола Старџен вчера изјави дека сега е време земјата да одлучи за својата иднина и дека нејзината администрација следната недела ќе ги отвори правните процедури за распишување референдум за независност

-Народот на Шкотска го кажа своето. Сега е време да одлучиме за својата иднина, рече Старџен откако нејзината Шкотска национална партија го зголеми бројот на пратенички места во британскиот Парламент, пренесоа британските медиуми.

Поврзани новости