Џонсон направи трета свадба на заминување од функцијата

by Фокус

Британскиот премиер во заминување Борис Џонсон и неговата сопруга Кери приредија свадбен прием за широк круг пријатели и семејство во имотот Котсволдс Дејлсфорд на лорд Бамфорд, еден од главните донатори на Конзервативната партија.

Борис и Кери првично планираа да ја одржат венчавката во официјалната резиденција на премиерот, Чекерс, во Бакингемшир.

Бидејќи плановите предизвикаа бурни реакции во јавноста, обвинувајќи го Џонсон дека останал на премиерската функција само за да ја искористи можноста да одржи венчавка во резиденцијата, парот решил да ја смени локацијата, иако веќе испратиле покани за 30 јули.

Двојката се венчаше на церемонија во Вестминстерската катедрала минатата година, организирана во тајност, во присуство на блиското семејство и пријателите.

Потоа следеше прием во градините на Даунинг стрит број 10 со ограничен број гости поради ограничувањата на коронавирусот.

Милијардерот лорд Бамфорд покри дел од трошоците за забавата, како што пишува британскиот весник „Мирор“, повикувајќи се на неименувани извори.

Инаку, Борис Џонсон веќе има два брака зад себе, а Кери е 24 години помлада од него.

Поврзани новости