Џонсон ќе побара од Парламентот да поддржи секаков договор за Брегзит постигнат со ЕУ

by fokus

Британскиот премиер Борис Џонсон ќе побара од парламентот да поддржи секаков договор за Брегзит постигнат со ЕУ во рок од 24 часа, дознава „Тајмс“.

Џонсон денеска ќе достави предлог со кој ги повикува пратениците да го поддржат секој договор што тој ќе го обезбедува со ЕУ на Самитот од 17-18 октомври, заедно со условите таканаречениот Беновакт, кој го обврзува да побара пролонгирање на Брегзит доколку не се постигне договор, посочува весникот.

Европската унија вчера се согласи да започне интензивни разговори со Велика Британија за откочување на застојот за Брегзит, најавувајќи дека може да се постигне договор пред крајниот рок на 31 октомври.

Поврзани новости