Џолев за законот за ЈО: Ние сме судска власт и ги почитуваме законите што ги носи Собранието

by fokus

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев не сака да го коментира новиот текст на законот за јавно обвинителство се додека не биде изгласан во Собранието, ниту тоа дали „бомбите“, односно незаконски прислушуваните материјали ќе се слушаат во судница за случајот „Талир“, доколку се изгласа предложениот закон кој би стапил на сила во јуни оваа година, а дотогаш заврши доказната постапка за овој предмет.

Џолев на брифингот со новинарите не сакаше да коментира хипотетички ситуации.
-Ние сме судска власт, орган кој ги применува законите кои ги носи законодавната власт. Ние сме должни да ги почитуваме законите кои се носат, без разлика дали ни се допаѓаат или не, рече Џолев.

Поврзани новости