Џолев: Пресудата за „27 април“ беше донесена со 5:0

by fokus

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, на денешниот брифинг сподели информации и за случајот „27 април“. Тој истакна дека пресудата сѐ уште не е напишана и дека законскиот рок за нејзино изготвување е 60 дена.

Тој искоментира и за шпекулацијата што се појави во јавноста дека еден од поротниците за „27 април“ се повлекол бидејќи не се согласувал со висините на изречените казни.

– Сите пресуди се носат со гласање на судии и поротници. Конкретно пресудата за „27 април“ е донесена со резултат од 5:0 по гласањето од тројца портоници и двајцата судии во предметот, изјави Џолев. Појаснија дека за предметот „27 април“ има и јавна изјава на еден од поротниците дека поднел барање за изземање поради здравствени причини, но останал до крај за да не наштети на постапката, рече Џолев.

Во однос на наводите во медиумите за чести изземања на поротниците од случаите, на брифингот беше посочено дека постојано има движење на поротници и дека тоа е нормален процес. Според статистиката за 2018 година 12 судии поротници биле разрешени од предмети поради наполнета старост, 27 на одлука на судскиот совет и двајца на лично барање, додека биле избрани 34 нови.

Поврзани новости