Џолев даде свечена заклетва и вети дека како шеф на Кривичниот суд ќе работи во интерес на граѓаните

by fokus

Новозибраниот претседател на Кривичниот суд, Иван Џолев, денеска даде свечена заклетва пред членовите на Судскиот совет на Република Македонија.

Со оваа церемонија тој и официјално ја презема функцијата прв човек на Кривичниот суд, а на церемонијата вети дека ќе работи во интерес на граѓаните.

Судскиот совет на Република Македонија на седница што се одржа на 8 ноември со 11 гласа „за“ и два „против“ го избра Џолев за претседател на Основниот суд Скопје 1.

Поврзани новости