Џолев: Да се провери дали се правосилни амнестиите што ги даде, па повлече Иванов

by Fokus

Треба да се проверат две работи за постапките со помилувањето што беа дадени од претседателот Ѓорге Иванов, а потоа повлечени. Неопходно е да се види дали се правосилни и дали имал право да ги амнестира, порача претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев на денешната средба со новинарите.

Потребата, како што посочи, доаѓа по зголемниот број повикувања на адвокатите на обвинетите во предметите на СЈО за преиспитување на одлуката за одбивање на амнестијата при оценката на обвинението, по донесувањето на одлуката на Врховниот суд на Грција да не ги екстрадира разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошковски зашто биле помилувани од Иванов и тврдењето дека еднаш дадено право е секогаш дадено право.

– Кривичниот совет и Апелација веќе се произнесоа за аболицијата и при оценката на обвинението помилувањата беа одбиени.Токму затоа опстојат обвиненијата, а во спротивно ќе беа отфлени. Врховниот суд треба да донесе одлука, а во меѓувреме судиите мора да ги тераат постапките. Доколку повисокиот суд одлучи поинаку, Основниот суд Скопје 1 ќе ја почитува и ќе постапува по таа одлука, рече Џолев.

Денеска адвокатите на обвинетите Илија Димовски и Гордана Јанкулоска во случајот „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуларности се повикаа на одлуката на Грчкиот Врховен суд за амнестијата дадена од Иванов.

Поврзани новости