Џо Бајден: НАТО ќе престане да постои доколку Трамп биде реизбран

by fokus
Кандидатот за американски претседател од Демократската партија и поранешен потпретседател, Џо Бајден, смета дека доколку Доналд Трамп биде реизбран на изборите следната година, НАТО ќе престане да постои.
-Доколку тој (Трамп) повторно биде избран, ви ветувам дека нема да има НАТО… Ќе имаме вистински проблеми, рече Бајден за време на дебатата меѓу демократските кандидати за иден американски претседател, јавија агенциите.
Поранешниот потпретседател уште забелжа дека Трамп ја критикува Алијансата и истовремено позитивно зборува за својот руски колега Владимир Путин. Во оваа врска тој ги брани своите претходни одлуки за влегувањето на американските сили во Сирија, Авганистан и Ирак за борбата со ИД.

Демократите во Конгресот почнаа процес на отповикување на Трамп, осомничувајќи дека за лични политички цели извршил притисок врз украинското раководство да отвори истрага за Хантер Бајден, кој работел за енергетската компанија „Бурисма“. Неговиот татко, Џо Бајден е кандидат на Демократичката партија за претседателските  избори во 2020 година.

Поврзани новости