Џипот што го вози Рашковски е регистриран на фирма на владин хонорарец

by Фокус

Џипот што го возеше поранешниот генерален секретар во Владата Драги Рашковски е регистриран на фирма чиј сопственик соработувал со Владата на хонорарна основа, објави 360 Степени.

Екипата на „360 Степени“ го улови Рашковски како се качува во џип Волво во вредност од над 70 илјади евра, кој, како што објавија денеска, е во сопственост на фирмата Г.Б.Ц. Системи.

Сопственик на оваа компанија е Игор Христов, кој бил и се уште е хонорарен соработник на Владата за одржување информатички системи во Генералниот секретаријат.

Христов вели дека минатата година купил 2 идентични возила Волво, со тоа што  едното го дал на користење на сопругата на Рашковски, со кој, како што вели, се знаеле повеќе од 15 години.

-Рашковски нема никаква поврзаност ни со сопственичка, ниту со управувачка функција во мојата фирма – рекол Христов за „360 степени“.

Поврзани новости