Џип се превртел и паднал во одводен канал, двајца починати

by Fokus

Двајца починале откако џип паднал на покрив во одводен канал, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, вчера во периодот од 01.00 до 06.00 часот на локалниот пат пат с.Миладиновци-с.Кадино, патничко возило „Џип Гранд Чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(72) од с.Долно Лисиче,  излеглo надвор од коловозот и падналo на покривот во одводен канал. Притоа, од здобиените повреди на местото на настанот починале З.Д. и сопатничката С.Д. (68) од Скопје. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости